Занимливост на денот: На каков начин шумата “дише“? (Видео)

Во текот на едно истражување научници забележале неверојатен феномен во канадска шума. Имено, тие го фатиле моментот во кој земјата “дише“. Што всушност се случило?

Шумски феномен

Во шумата во канадската покраина Квебек, научниците забележале феномен во кој се гледа како земјата со дрвја се подига, а потоа повторно се спушта. Иако делува помалку језиво, постои сосема разумно објаснување за овој редок феномен.

Научниците објасниле дека со текот на времето земјата станува презаситена со вода и тогаш ја губи цврстината. Кога ќе задува силен ветар тој ги поместува крошните од дрвјата, а тогаш стеблата со корените дејствуваат по принципот на лост. Така земјата се повлекува нагоре и се спушта назад односно доаѓа до ефектот “дишење“ на земјата.

Се работи за прилично ретка појава. Во видеото може да се погледне овој редок феномен кој не е монтажа. Навистина интересно да се погледне, зарем не?

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!