Скапотија доаѓа невидена.
Скапи парфеми,
а душите пак на расипано ни мирисаат.
Скапа облека,
а кожа распарана од допири што не ги сакаме.
Скапи штикли,
а чекори ефтини што во сечии прегратки трчаат.
Скап накит,
а лажна насмевка очи полни солзи што покрива.
Скап кармин,
а усни неверни што секому ги поклонуваме.
Празни разговори.
Ладни прегратки.
Срца скаменети.
Кога станавме луѓе-нелуѓе?
Ефтино е сè што со пари се купува.
А денес нема нешто што со пари да купиш не можеш.
Освен искреност.
Освен топла прегратка.
Освен очи насмеани.
Скапотија доаѓа.
Скапотија невидена.
А луѓето, тие никогаш не биле поефтини.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.