Еден ден шетајќи низ преубавата природа, еден човек налетал на разгневен тигар. Започнал да бега од него и трчејќи стигнал до крајот на шумата каде што имало огромна бездна. Очаен да се спаси од челустите на тигарот, тој се фатил на една винена лоза и се надвиснал над фаталната бездна.
Додека сѐ уште висел, над него стоел тигарот, под него бездната, два глувчиња излегле од една дупка и почнале да ја џвакаат винената лоза. Избезумен тој наеднаш забележал до него еден грст диви јагоди. Ги собрал со едната рака и ги пикнал во устата. “Ова е најневеројатниот вкус кој некогаш сум го пробал.” Си помислил човекот.
Прочитајте ја и приказната за слоновите и слободата.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.