Kрај – Зен приказна

Еден ден шетајќи низ преубавата природа, еден човек налетал на разгневен тигар. Започнал да бега од него и трчејќи стигнал до крајот на шумата каде што имало огромна бездна. Очаен да се спаси од челустите на тигарот, тој се фатил на една винена лоза и се надвиснал над фаталната бездна.

Додека сѐ уште висел, над него стоел тигарот, под него бездната, два глувчиња излегле од една дупка и почнале да ја џвакаат винената лоза. Избезумен тој наеднаш забележал до него еден грст диви јагоди. Ги собрал со  едната рака и ги пикнал во устата. “Ова е  најневеројатниот вкус кој некогаш сум  го пробал.” Си помислил човекот.

Прочитајте ја и приказната за слоновите и слободата.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!