Skip to content

Занимливости за месец ноември

Ноември според повеќето луѓе се смета за најгрд месец во годината. Деновите во ноември се кратки, небото е прекриено со тешки и сиви облаци, дождовите се досадни и долги. Некој влажен студ се вовлекува во коските, а наутро е тешко да се стане од топлиот кревет. Според многумина ноември е тежок и меланхоличен месец. Сепак тој знае и да изненади, па некогаш на сонцето му дозвлува да ја огрее земјата. Но тоа се случува многу ретко и трае кратко.

Занимливости за месец Ноември

Ноември е единаесетти месец по ред во грегоријанскиот календар и има 30 денови. Тој е еден од четирите месеци кои имаат 30 дена. Неговото име е производ од еквилибристиката на староримскотоо реформирање на календарот. Но кога на календарот се додадени уште дополнителни два месеци (јануари и февруари) ноември не го сменил името иако станал единаесетти месец. Истото се случило и со септември и октомври.

На почетокот, ноември имал 29 денови, но после реформите на календарот кој ги иницирал Јулије Цезар овој месец добил два дена, па од тогаш имал 31 ден. Но Секстилис (Август) имал 30 дена и кога тој месец му е посветен на Октавијан Август, по одлука на Сенатот тој добил уште еден ден. Тоа ги предизвикало следните промени. За два или повеќе месеци да немаат ист број на денови, септември бил скратен за еден ден кој му е додаден на октомври, а на ноември му бил одземен еден ден и му бил додаден на декември. Така останало до денешен ден.

Ноември се јавува како тема во одредени дела од уметноста и популарната култура

„Ноември“ – расказ од збирката „Окопнети снегови“ на Димитар Солев.

„Ноември 1936“ – песна на Пол Елијар од 1938 година.

„Ноемвриски ден“ – песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.

„Три песни од ноември 1915 година“ – песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.

„Ветар во ноемвриска ноќ“-  песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.

„Еден ноември“ (Један новембар) – песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1918 година.

„Ноември“ – песна од Нокаут (македонска музичка група)

„Ноемвриски дожд“ – песна на музичката група „Ганс ен роузес“ (Guns ‘N Roses)

Уживајте во музичката нумера која го носи насловот на месец ноември!

Напишете коментар