Рјокан, големиот Зен учител, живеел едноставен живот во една мала куќарка во подножјето на планината.
Една вечер, крадец влегол во неговата куќарка и на негово огромно изненадување, видел дека нема што да се украде. Рјокан, во меѓувреме се вратил и го затекнал внатре крадецот и му рекол:
“Можеби си поминал долг пат да ме посетиш, и не би требало да се вратиш со празни раце. Те молам, земи ја мојава облека и покривките како подарок“ .
Крадецот иако изненаден, ја зел облеката и побегнал.
Кога крадецот заминал, Ројкан седнал така гол пред вратата на својата колиба и набљудувајќи ја Месечината – помислил:
“Сиромашкиот тој! Јас, пак, сакав да можев да му ја подарам оваа прекрасна Месечина!“
Прочитајте ја и приказната за (не)моралот.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.