Развратноста и Смртта се две девојки мили,
полни здравје, ветуваат бакнежи и двете;
над колкот, вечно невин, рој партали им крили;
напразни биле напорите тој да зачне дете.
За мрачниот поет што од семејство се гнаси,
за миленик на пеколот, лажго слабо платен,
и гробот црн и борделот постела ги краси
на која зборот совест е нејасен и матен.
Ковчегот и креветот со безбожност ни нудат
ту еден ту друг – две сестри милосрдност полни-
ужасни уживања и задоволства болни.
Кога ќе ме закопаш, о Развратност блудна?
Кога пак на нејзините мирти гнили, лемни,
о Смрт, ќе ги накалемиш чемпресите темни?
Цвеќињата на злото (1857)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.