(накит)
Каде ли е сега,
ќе се појави ли од некаде
мојата љубена,
да ме поттикне повторно
да вдишам длабоко
и пак да посегнам
по камчињата
што едни ги расфрлаат,
а други ги клоцаат,
па внимателно да ги исчистам,
да ги изделкам излишностите,
да ги избрусам
и од нив накит да создадам
достоен за ведрите и мудри
благороднички
Извадок од збирката „Исход“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.