Поговорки, изреки и цитати за лагата и лажењето на едно место

Лагата е спротивна на вистината, а оние кои се служат со лагата не другаруваат со искреноста. Следниве поговорки, изреки и цитати за лагата и лажењето објаснуваат сè што реба да се знае за нив. Прочитајте ги во продолжение.

1. „Ако им затворите врата на сите маани и вистината ќе остане надвор.“ – Рабиндранат Тагоре

2. „Без човечките емоции никогаш  не постоело ниту може да постои човечкото трагање по вистината.“ – Ленин

3. „Да се биде паметен значи да се разликува вистината која треба да се каже од онаа која треба да се премолчи.“ – Антоине де Риварол

4. „Биди пријател на вистината до мачеништво, но не биди нејзин заштитник до нетрпеливост.“ – Жан Пол Сартр

5. „До вистината можеме да дојдеме само тогаш ако ни е дадена слобода да грешаваме.“ – Рабиндранат Тагоре

6. „За да го одржиме зборот најдобро е никогаш и да не го дадеме.“ – Наполеон

7. „Говорењето вистина често е најголема авантура.“ – Фридрих Диренмат

8. „Има вистини кои не се за сите луѓе ниту за сите времиња.“ – Волтер

9. „Постојат луѓе кои лажат само за да излажат.“ – Блез Паскал

10. „Вистината во политиката мора да чека додека некому не стане потребна.“ – Бјернстјерне Бјернсон

11. „Вистината која не е кажана во вистинско време полоша е од лагите.“ – Иван С. Тургенев

12. „Кога ќе настане војна, прва гине вистината.“ – Артур Понсонби

13. „Кога би ги знаеле тежината и стравотијата на лагата, би ја прогониле со оган пред сите други злосторства.“ – Оноре де Балзак

14. „Кога би ги имал сите вистини во своите раце би се колебал да им ги покажам на луѓето бидејќи вистината носи несреќа. Да се потсетиме на Галилеј!“. – Бернард ле Фонтенел

15. „Кој лаже за тебе, ќе лаже и против тебе.“ – Народна поговорка

16. „Кој лаже не знае каква работа си создава бидејќи мора да измисли други 20 лаги за да ја одржи првата.“ – Александар Поуп

17. „Лажењето е, кога подобро ќе размислиш, ѓаволски тешка работа. Ако луѓето беа вистински ужасно мрзеливи, никогаш не би лажеле.“ – Исак Асимов

18. „Луѓето меѓусебно се лажат, се лажат меѓусебно во лице, се измамуваат со ласкање, проѕирно и превртливо додворување, а тоа често им изгледа чесно човечки неразмерно похрабро наместо едни на други да си ја кажат голата вистина.“ – Мирослав Крлежа

19. „Лагата е религија на робовите и господарите. Вистината е Бог на слободниот човек.“ – Максим Горки

20. „Лагата обично го убива пријателството, а вистината ја убива љубовта.“ – Мигел де Сервантес

21. „Лагата не убива со ластегарка, но се провлкеува во крвните жили како отров, полека и внимателно, па не се ни забележува како дејствува.“ – Иван Цанкар

22. „Лажливиот секогаш се издава со заколнување.“ – Корнелиус

23. „Лажговците не веруваат дури ни кога даваат чесен збор дека не лажат.“ – Михаил Зошченко

24. „Луѓето понекогаш лажат бидејќи тоа го налага пристојноста.“ – Максим Горки

25. „Многу луѓе се како часовници: покажуваат едно време, а отчукуваат друго.“ – Народнка мудрост од Данска

26. „Мојот главен сведок дека ја говорам вистината е моето сиромаштво.“ – Сократ

27. „Мој начин на правење шега е да ја кажам вистината. Тоа е најсмешната шега на светот.“ – Бернард Шо

28. „Најважно е сами себе да не се лажете. Оној кој се лаже самиот и својата родена лага ја слуша, тој доаѓа дотаму што никава вистина во себе, ниту околу себе, не разликува, туку и доаѓа  до непочитување кон себе и кон другите.“ – Достоевски

29. „Најголемиот пријател на вистината е времето, нејзин најголем непријател е предрасудата, а нејзин постојан следбеник е понизносат.“ – Чарлс Калеб Колтон

30. „Најмногу се лаже во љубовта, ловот и во предизборна кампања.“ – Винстон Черчил

31. „Не мора да се мисли сè она што се кажува.“ – Аристотел

32. „Ништо на светот не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкање.“ – Достоевски

33. „Од денот кога една вистина ќе победи, нејзе толку ја преувеличуваат и таа станува лага.“ – Бенџамин Дисраили

34. „Опасно е да се биде искрен ако не си глупав.“ – Оскар Вајлд

35. „Постојат три видови лаги: лага, бесрамна лага и статистика.“ – Бенџамин Дисраили

36. „Против непријатните вистини има само еден лек – треба со нив да се помириш.“ – Алебрт Ками

37. „Секоја вистина, впрочем како и секоја заслуга, против себе има современици.“ – Ралф Валдо Емерсон

38. „Секого можеш да го излажеш, но стомакот никако.“ – Сенека

39. „Секоја спогодба помеѓу вистината и лагата секогаш е на штета на вистината.“ – Виктор Иго

40. „Што може ладната и гола вистина против блескавата заводливост на лагата?“ – Анатол Франс

41. „Што ќе каже историјата? Историјата, господине, ќе лаже како и обично.“ – Бернард Шо

42. „Колку е поголема вистината толку е поголема и клеветата која против нејзе се говори.“ – Ингрид Бергман

43. „Да се бара она што е вистинито не значи да се бара она што е пожелно.“ – Алберт Ками

44. „Повеќе ја сакам штетната вистина наместо корисната заблуда: вистината ја лекува болката која можеби ни ја задава.“ – Гете

45. „Заблудата кон вистината се однесува како сонот спрема јавето. Забележав дека човекот од заблудата во вистината се враќа како освежен“. – Гете

46. „На лагата ѝ се кратки нозете.“ – Народна поговорка

47. „Казна за лажговците е што ним не им веруваат дури ни кога ја зборуваат вистината.“ – Хебрејска поговорка

48. „Стариот човек кој лаже е како богаташ кој краде.“ – Руска поговорка

49. „Лажењето на себеси има подлабко корени отклку лажењето на другите.“ – Достоевски

50. „Вистината е предавство во царство со лаги.“ – Рон Пол

51. „Не сум возбуден дека ме лажеш туку бидејќи отсега не можам да ти верувам.“ – Ниче

52. „Лагата и кражбата се соседи.“ – Арапска поговорка

53. „Добриот говорител е и добар лажливец.“ – Германска поговорка

54. „Жените им веруваат на најчудните лаги сè додека се завиткани во пофалби.“ – Француска изрека

55. „Лагите кои градат се подобри од вистините кои уништуваат.“ – Африканска изрека

56. „Заразна е и унишутвачка моќта на лагата.“ – Иво Андриќ

57. „Никогаш не се расправај со некој кој им верува на своите лаги.“ – Непознат автор

58. „Секојпат кога ќе кажеме лага, нештоо од кое стравуваме се зајакнува.“ – Непознат автор

59. „Лагата трча спринтови, но вистината трча маратон.“ – Мајкл Џексон

60. „Лагата го обиколува половина свет додека вистината ги облече чевлите.“ – Англиска изрека

61. „Никогаш не ги лажи својот доктор и адвокат.“ – Француска изрека

62. „Човекот никогаш не е поискрен од тогаш кога признава дека е лажливец.“ – Марк Твен

63. „Полувистината е цела лага“. – Англиска изрека

64. „Историјата е збир на договорени лаги.“ – Наполеон

65. „Лагата нема нозе и не може да стои, но има крилја и може да одлета далеку.“ – Кинеска изрека

Прочитајте ги и следниве цитати за искреноста.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!