Шарл Орлеански (24 ноември 1394 – 5 јануари 1465) бил војвода од Орлеан од 1407 година, после убиството на неговиот татко, Луј I, војвода од Орлеан. Тој исто така бил војвода од Валоа, гроф од Бомон-сур-Оаз и на Блоа, Господар на Куси и наследник на Асти во Италија преку неговата мајка Валентина Висконти. Тој е запаметен како еден од најголемите средновековни поети, благодарение на повеќе од петстотини постоечки песни што ги создал, напишани и на француски и на англиски јазик, за време на неговите 25 години поминати како воен заробеник во Англија и по неговото враќање во Франција.
Мајстор бил на лирската форма, на баладата и на рондото. Неговиот стил има голема музикалност и неговите песни се ненадејни слики. Останува да биде инспирација за Верлен и за Аполинер.
Колку е добро да се гледа и да се слуша
Колку е добро, боже, да се гледа и да слуша
она што е добро, убаво и привлечно!
Толку чари кријат нејзиното тело и душа
та сите ја фалат неизречно.
Не може никој да насити душа
зошто убоста и се обновува прилично.
Колку е добро да се гледа и слуша
она што е добро, убаво и привлечно!
Оттука па преку мориња и суша
нема девојка која повеќе вреди
и која може со неа да се спореди:
кога ја гледам, ми трпне сета душа
колку е добро да ја гледам и слушам!
Препев: Паскал Гилевски
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.