Skip to content

Калинки – Васил Пујовски

Две калинки
две сестрички
на гранка зазреале,
па од радост,
па од среќа
малку се насмеале.

Ми ги дочул,
ми ги видел
сончко јасен,
сончко красен
па веднаш в црвенило
целите ги свил,
да бликнат в руменило
сакал сончко мил,
со нив пратил
зраци врели,
за да станат
слатки,
зрели.

Напишете коментар