Се гледаме повторно – Сабахета Ета Мерсими

Случајно се запознавме,
се судрив со тебе ја испуштив чантата од рака,
Ти ја крена со насмевка, а јас само реков,
ти благодарам…И избегав…,!!

Се запознавме без да се познаваме,
го украдов, твојот поглед, збунета од твојот шарм.
Извини те молам, на мојот невин став.
….
Жал ми е, што не можев да погледнам во твоите очи,
беше премногу непријатно,
вознемирена, а грутка во грлото ме стегна.

Зачудена го напуштив местото,
сликата на твоето лице се вгнезди
во мене,
ТИ странецу со маслинови очи
и кадрава коса!

Нешто ме тера да мислам на тебе,
барам непознати улици каде
што исчезна,
Те молам Боже помогни ми!
да го сретнам повторно…
Случајно…
Дури и ако e само мојата желба, залудно!!
Сеќавања од тој ден на средбата
кружи во моите соништа,
Ја стискам перницата како чанта
Но, овој пат, сакам искрено..да те запознаам…

Случајно те запознав,
нека не биде за последен пат!
Нека се остварат соништата од
една средба со непознат дечко од улица…

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!