Прошетка – Гане Тодоровски

Во гората во честата
по тревата бујатата

Под дрво под дафиново
под стреа под миризлива

Низ тебе низ волшебствата
на ноќта на проѕирната

Кон мигот и кон трепетот
кон грчот и кон бескрајот

До зората до заситот
до гаснежот на ѕвездите

Снеубавен ден (1974)

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!