Бесмртна песна – Мика Антиќ

Ако ти јават: сум умрел,
а сум ти бил драг,
тогаш нешто во тебе
наеднаш ќе посиви.
На трепките магла.
На усните пепелав траг.

Дали воопште некогаш
си мислел што значи да живееш?

Ако ти јават: сум умрел
еве што ќе биде.

Илјада шарени риби
ќе ми трепеткаат низ око.

И земјата ќе ме сокрие
И плевелот ќе ме сокрие
А јас за тоа време
ќе летам високо…
Високо.

Зар мислиш дека мојата рака,
колено,
или глава
може да биде утре
корен од бреза
ил трева?

Ако ти јават: сум умрел,
не верувај
тоа јас не умеам.

На оваа земја свратив
да ти намигнам малку.
По мене да остане нешто
ко треперлив траг.
И затоа: не биди тажен.
Толку ми е грижа
да останам во тебе
будалест и чудно драг.

Ноќе,
кога гледаш в небо,
намигни ми и ти мене.
Нека биде тоа тајна.
И покрај деновите сиви
штом видиш некоја комета
да го зацрвени небото,
запамети: тоа јас уште
шашав летам, и живам.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели