Skip to content

Снег – Матеја Матевски

Кај се сега оние раце нежни
што книгана отворена
ја милуваа
Зад прозорот веќе тивко снежи
и снегулки босоноги
претрчуваат

Кај се сега овие раце бледи
толку книги во есента
што затворија
Зарем веќе над новите редои
надвесени занесено
се уморија

Кај се кај се Јас ги чекам чекам
над книгата напуштена
да затреперат
Но место нив ссоем сосем леко
по листојте зашумува
само ветрот
Рацете ги нема нема нежни
Прашањето в грло ѕвони
испокинато

Одговорот надвор снежи

Снегулките тажат по нив
непрекинато.

Напишете коментар