Рајот на Земјата – А. Лефкоска

Штом најдеш мир во хаосот,
тишина во зборот,
Штом најдеш несоница во сонот
и молк во говорот,
Штом го најдеш она што сегде не се наоѓа,
oна што нигде, ама баш нигде не припаѓа,
Штом го привиеш до себе она што се родило,
а никогаш веќе не умира,
Штом го најдеш она што гори дур боли, а не убива –
знај тогаш ти:
Сонлива и нежна, убава и бесна
Вечна ко песна и поезија,
Штом се најдеш себе таму борбена –  сред војна,
со извик „Себе не давам!“
со крик „За себе убивам, умирам и горам!“
Штом најдеш  излез од бездната – Патријархија,
таму за кај што сите зборат, а многу нема,
Си го нашла тогаш и рајот на оваа наша Земја.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!