Во секој плод се крие една ѕвезда:
во сливите, оревите, јаболката, малините.
Симнувајќи ја лушпата отвораме една бездна
и во неа магмата, хаосот, маглините.
Зрелите плодови со внатрешна светлина искрат.
Семката внатре е едно згустено јадро.
Цел космос е обесен за некоја гранка ниска;
овошките се планети, светлината — нивната сладост.
Тајна смисла во нив се сокрива и прета.
Вкусот доаѓа до целта како гсон планетата бродот.
Она што сакаат да го одгатнат вселенските летања
сокриено е всушност во содржината на плодот
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.