Благодарност како збор

Благодарност, како збор на божја музика што звучи
На кавал кој свири или харфа што ангелски пее
Благодарност, како Божја сила која нежно бучи
Виножитни капки од благослов што лее.

Благодарност како милост што дарува верба
Во живот, во Бога и свет
Благодарност како милосрдна средба
Со вистина и љубов чедна од мирислив цвет.

Благодароста како мајчин поглед и небесен свод
Ѕвезди сјајни и  расцутен под
Благодарноста како сребрен лилијан, црвена ружа
Најголема љубов нам ни пружа .

Благодарноста нѐ тера секому да пружиме рака
Никого не остава во тага, во болна мака.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!