Снег – Блаже Конески

Завева белиот снег

неколку привични пата.

Долу пред мојата врата

гинат белокрили јата

тихо во спокој мек.

 

Белиот небесен снег

реди еднолична сказна,

дека е душава празна,

сама пред осуда мразна –

кажува белиот снег.

 

Шепоти: сам си, сам.

А јас се спремам назад,

нозеве пак да газат

патишта што се мразат –

до денот, што го знам.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!