„Бесмртноста на Блаже Конески“ – документарен филм во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот

Годинава се одбележуваат сто години од раѓањето на најклучната личност во македонската литература одговорен за кодифицирање на македонскиот современ јазик. Блаже Конески ни остави неизбришлива трага од неговото постоење, а наше е да не дозволиме таа никогаш да не избледе. Во опис на овој документарец стои следново: „Документарниот филм во чест на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на писателот, лингвистот, преведувачот – академик Блаже Конески, изработен од Искра Талевска во склоп на Педагошки Факултет – Битола и Факултетското студентско собрание на Педагошкиот Факултет од Битола.

Конески рекол: „Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“ Нам ни преостанува да се водиме по оваа мисла ако не сакаме огништето да ни изгасне.

Во продолжение го претставуваме краткометражниот документарец во кој се сумирани ликот и делото на великанот од страна на негови поранешни соработници, ученици, но и денешни професори, новинари и значајни ликови во македонската современа литература, образование и култура.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!