Ги сакам овие денови
Полни со срца растреперени
Сите трчкаат таму каде што топлината
Во срцето се населила
Таму каде што и најсилната снегулка
Во душата омекнала
Ги сакам овие денови
Мирисаат на семејство
На љубов
На прегратки
На добрини
И надежи разгорени низ светулки
Преку накитени елкички
И нежни книжни навики.
Сè мириса на празници
Сè потсетува на врели дни
Сè ми мириса на нас
Мириса на среќата.