13.12.2021
Ја закопчав до крајот облачестата сенка
со левата рака в десна страна
оти не постои човек без маана,
мудрец и ексцентрик на линија тенка.
И папката со боја на аларм што трепка
ја оставив простум да гние на студ
ќе покаже времето дал’ е некој луд
или животот поделил гротескна ждрепка.