Од најстара и најчиста сончевина – Ацо Шопов

Од тешка болест телото ми е закоравено
и на врв планина само да чамее оставено.
Ту тешки магли и непроѕирни го натрупуваат
и видот со сиот свет му го засолнуваат.
Ту дождови го бијат ко ситни острици
новородени
и пљуштат по телото ко удари неоплодени.

Но наеднаш маглите се губат и разредуваат
и доживотните ситни капки исчезнуваат.
Сонцето се раѓа во земјата на својот Изгрев
И пристига до земјите на својот Залез.
Лицето му е чисто и измиено
од најсина прашинка во вселената сокриено.

А телото мое закоравено
се раздвижува заздрвен
и пие од сонцето вина
од настара и најчиста сончевина.

„Дрво на ридот“ (1980)

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!