Таа не ја дочекува ноќта,
туку веќе при самрак
си легнува –
во ковчег
обложен со свила.
Само смртта ми е мила.
– малодушно вели
Јас сум сув лист,
но ниту еден ветер
до сега не успеа
да ме откине од жилавата гранка.
Ти си црн цвет
со опоен мирис
и сјајни латици.
– ѝ шепоти нежно тој,
молејќи ја да му дозволи
да ги помилува
нејзините студени облини.
Извадок од „Исход“
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.