Кога Сеисецу бил раководител на школата Енгаку во Камкура, барал поголеми простории од оние во кои подучувал, бидејќи оние со кои располагал веќе биле претесни. Умезу Сеибеи, богат трговец од Едо, решил да дарува петстотини златници за изградба на поголеми предавални. Златниците му ги донел на учителот.
Сеисецу, рекол:
„Добро, ќе ги прифатам.“
Умезу му ја дал вреќата со златници на Сеисецу, ама бил видно незадоволен од однесувањето на учителот. Во тоа време, човек можел да живее цела година со три златника, а на трговецот, кој дал дури петстотини, не му била искажана благодарност.
„Во оваа вреќа има петстотини златници“, истакнал Умезу.
„Тоа веќе ми го кажа“, возвратил Сеисецу.
„Иако сум богат трговец, сепак, петстотини златници се многу пари!“ извикал Умезу.
„Сакаш ли да ти се заблагодарам?“ прашал Сеисецу.
„Па, би требало“, одговорил Умезу.
„А зошто би требало?“ прашал Сеисецу. „Оној што дава треба да е благодарен.“
Прочитајте ја и приказната „На другата страна.“
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.