Кога бил млад ученик по зен, Јамока Тешу одел од еден до друг учител. Наминал и кај Докуон, а и кај Шококу.
Сакајќи да покаже до каде е стигнат и просветлен, велел:
„Умот, Буда и чувствителните суштества – на крајот од краиштата – не постојат. Празнината е вистинската природа на сите појави. Не постои спознание, ни заблуда, ни мудрост, ни просечност. Не постои ни давањеа, а ни што да се добие.“
Учителот Докуон мирно пушел и мудро си молчел. Одеднаш го удрил Јамаока со бамбусовото луле, а младичот се разбеснил.
„Ако не постои ништо“, прашал Докуон, „тогаш од каде се појави овој бес?“
Прочитајте ја и приказната „Оној што дава треба да е благодарен.“
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.