На денешен ден, 28 декември во 1897 година е одржана премиерата на една од најпознатите драми во француската книжевност Сирано де Бержерак. Едмон Ростан триумфира во театарот Порт Сен Мартин во Париз за време на првата изведба на неговата комедија во 5 чина. Публиката е на нозе цели 20 минути и го скандира името на Ростан.
Инспириран од животот и делото на слободниот начин на живот на писателот Сирано де Бержерак (1619 – 1655) Едмон ја пишува оваа драма со 1600 александринци (односно, во класична француска рима – днаестерец). Драмата е многу тешка да се одигра на сцена, во неа се вклучени околу 50 ликови и има вистинска битка која треба да се одигра на сцена.
Сите 5 чина во драмата драстично се разликуваат еден од друг. Одиграна е во 19 век, период во кој романтичната драма згаснува и се појавува модерниот театар, па затоа, никој, дури ни самиот автор не го очекувал успехот кој го постигнал.
Ликот на Сирано стана, во француската литература, човечки архетип слично како и Хамлет или Дон Кихот, до тој степен што неговите биографски елементи се измислени за таа прилика понекогаш го замаглуваат неговиот историски верен модел.
Претставата е комбинација од многу карактеристики кои беа очигледно забранети за тоа време: непознат јунак, напишана е во стихови (додека прозата е во тоа времедоминантна), многу е долга (пет чина, наместо трите кои биле во мода), многу статисти на сцена итн..
За оваа драма авторот ја добива Легијата на честа и една година подоцна е избран за член на Француската Академија.
Едмон Ростан ја квалификува како херојска комедија, но критичарите препознаваат многу влијанија во неа, пред се на романтичниот или неоромантичниот театар. Од херојска комедија, драмата ја презема смислата на епот и описот на херој чиј живот е организиран околу љубовта и честа.
Морис Ростан во него гледа дело кое ги возвишува вредностите на херојството и кое на сите им дава „храброст да бидат херои“.
Прочитајте ја оваа херојска драма, гледајте го филмот или ако имате прилика одете да ја гледате како театарска претстава, ќе ви даде храброст да бидете херои!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.