Старата дланка – Марија Бакиевска

На старата дланка
Во собраната кожа
Низ испуканите делови
Во изрезбаните карпи
Се крие светот на срцето твое
Оној во потоците на очите твои
Оној во бојата на усните твои
Оној во врвовите на косата твоја
Тој Кој го носеше во прегратките
И го предаваше во молитвите
Тие имиња за кои фенерот гореше
И огнот во длабочината никогаш не престануваше!
Само одложувањето се одбројуваше
А ветрот на бурата времето го крадеше!

На старата дланка
Низ спуштените рамења
Во длабнатите колења
Под опаднатите трепавици
Се наоѓа светот на срцето твое
Оној во кој многу сочува
И во не знаење изгуби
Некој ги напушти
А некои во спомените останаа!
Таму ги засади имињата во сончогледот
Таму го пронајде изворот на невидливото!
На старата дланка
Остануваат
Последните воздишки
Кои секогаш први беа
Избројаните копнежи
Кои никогаш крај немаат!

На старата дланка
Стои перото со мастило
До крај да допише
Од сите четири страни, со извичник да заврши!
Ставајќи крај, никогаш да не застани!
Ставајќи продолжеток, во истиот момент да се подигне!
На старата дланка
Прегратката да ја испрати
И во неа секој еден да се најди
Ружата овената
Боја да облечи
И листот сув
Свежина да го облее!
И зборовите да оживеат
Како оние, кога пристигна на овој свет!
На старата дланка
Лицата да се видат
Оние кои силно во себе ги чуваш
И на отпечатоците ги носиш
За издишување
За живот
За продолжување!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!