Единствена желба за Нова година

Беше најпосакувано детенце. Нејзините родители неуспешно се обидуваа да зачнат цели осум години додека најпосле среќата им се насмевна. Среќата доби физички облик, секојдневно растеше во стомакот на идната мајка. Покрај обликот среќичката која наскоро требаше да пристигне веќе имаше и име. Одлучија дека ќе ја викаат Мери, без посебна причина, на двајцата им се допаѓаше името. Имаше уште само два месеци до крајниот термин кога Мери требаше да пристигне. Но нејзе ѝ се побрза, па одлучи да дојде на почеток на седмиот месец од зачнувањето.

Родителите беа изненадени и шокирани од раното пристигнување на Мери. Беа пресреќни што конечно станаа родители, но и преплашени за животот на бебенцето. Мери храбро се бореше, а се роди две недели пред почетокот на Нова година. Требаше да стигне наредната година, но одлучи да порани. Новата година ја дочека во инкубатор, а таа секој ден напредуваше сè повеќе. Ако претходно секоја желба за Нова година на нејзините родители беше да добијат детенце, оваа година желбата беше единствена: Мери да закрепне, да биде здрава и конечно да ја однесат дома.

После еден месец, некаде кон крајот на јануари, Мери си појде во новиот дом, здрава и подготвена за понатамошно напредување. На среќата и немаше крај во новото, проширено семејство коешто беше спремно да создава нови, незаборавни спомени.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!