Супер
Се видовме во секое издание
На животното списание.
Во сите лица се претворивме
Секаков јазик прозборевме.
И радост и тага заборавивме
Сега на очај се ставивме….
Супер е
Си кажуваме себе си сешто.
Искушенија лукави
не мамат вешто.
Различно со нив се носиме,
упорно им пркосиме.
За разговор сме страдни,
глумиме ладни .
А на крајот
…супер е
Се покажаа огнови,
се раздуваа ветрови.
Едни маглата ја кренаа
други данок земаа.
Се видовме кои сме
и што разбираме
Сега знаеме што ќе одбираме.
Супер е-
прогледавме
оти забегавме,
Живи здрави да куртулиме
А после ќе си кубуриме
Ќе има што да раскажуваме
На деца, поколенија
Дека добивме провиденија
Што е суштината на нашето битисување..
Добро ли е?
Добивме помилување,
да се радуваме на исцелување?
Да се дочуваме…
поразбрани,
животот да си го вратиме,
без забрани
Повеќе да сакаме и да сме сакани.
Чувајте се