Ти не биди долга до недоглед
да не можам да те видам да те чујам
ниту кратка
до невид сета
биди да битисуваш
до каде што ќе стигнеш
да се шириш
биди да бидисуваш
а не да се варосуваш
витосуваш
ти не биди тесно грло
туку длабока и висока
далечна и блиска планина
време во своја куќа
со песна различна.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.