При посетата на Кина, Какуа го прифатил учењето на зенот. За време на својот престој никаде не патувал. Живеел во постојана медитација на најпустиот дел од една планина. Ако воопшто го најделе некои луѓе, молејќи го да им проповеда, тој би кажал понекој збор, а потоа се преместувал на некој друг, уште понедостапен дел од планината.
По неговото враќање во Јапонија, дури и царот слушнал за Какуа и замолил да му го протолкува зенот за да се воздигне на духовен план. Какуа стоел и молчел пред царот. Потоа од внатрешноста на својата наметка извадил едно кавалче и отсвирил само една кратка нота. Длабоко се поклонил и заминал.
Прочитајте и како се учи по потешкиот пат.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.