Skip to content

Трето писмо (Лебедова Песна) – А. Лефкоска

Темно е и мрачно внатре,
ми ги собраа перата,
ми ги скршија крилјата,
рекоа „Тишина и мир ти треба“,
а мене ми иде од кожа да излезам
да крикнам и викнам и збеснам,
не знам дал ќе ти стигне ова,
ама ова е мојата лебедова песна.
Се кријам во сопствената куќа,
сосема мирна, сосема  свесна,
пишувам со јаглен,
пишувам и плачам,
„Те сакам“ – немам време да кажам,
ама чуј – ова е мојата лебедова песна.
Некои ќе велат света сум,
некои па грешна,
само ти ќе знаеш
каква стварно бев дур бев со тебе среќна,
дур бев моја и замачкана в мастило в соба,
дур бев дива и силна и бесна,
сите ќе мислат две се,
ама тебе ќе ти остане тоа трето,
тоа последно мое  писмо –
таа моја лебедова песна.

Напишете коментар