Јаве и(ли) сон – Наталија Наумовска

Сонот не е јаве,
јавето можеби е сон.
Недостижно се бркаат,
се испреплетуваат
но никогаш лице не си гледаат

Јавето е сон
сонот можеби е поклон
за будниот да ги пресретне
и сонот и јавето истовремено
во магловит, нејасен, ноќен ѕвон.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!