Skip to content

Потрес на човечката свест – Ирена Блажеска Дончева

  • by

Ненајавено
Како патник без срам
Како потсетник што грми
Земјата се тресеше бурно таа ноќ
Се тресеше и телото
Се тресеше и животот
Се тресеа од страв
Заедно со мислите
Низ надежите
И молитвите
Преку нив ние се  обединивме
Со исти желби
За мирна земја
Тлеевме под широкото небо
Сплотени на иста земја
Баравме спас без сон
Се молевме низ утеха
Да не се повтори
Стресот да си замине
Штета да нема никаде
Порака е ова
Порака е за целото зло
За сите лоши постапки
За сите клети навики
За сите погрешни чекори
Оф…
Земјата бара обнова
Земјата бара насмевка
Таа се бори за нас
Ние да се бориме за неа
со човечност да и возвратиме
И со храброст да ја чуваме
За вечна и цела да остане.

Напишете коментар