Кон македонскиот творец – Гане Тодоровски

Ти знаеш сè, Ти можеш сè,
Во тебе сила грдна лежи!
Ти грамадо на умот врел
Што светот си го зграпчил в мрежи –
Те на зборој строги –
Ти, поглед в една точка збран,
Од луѓето си неразбран,
Дај престрој се кон мисла чиста
Врз небото на овој простор мал
Што в крвта ти се распослал, –
Ко ѕвезда Деница да блисташ!
Подзастани и збери сила
За подвиг престоен – и речи сè
За овој миг, за денов наш
И биди само толку смел
Колкушто умееш да сонуваш;
Бидејќи имаш машки здиб
Смогни да станеш горделив,
Извиши се над сите ТИ
Со својот здрав и буен глас,
Ко македонски горостас.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!