Зима, зима, па што,
не е таа секој ден
Снегулува влажна коса
а студот
ви го гризе носот.
Рацете се скриени
во ракавици
обвиткувани глави
во плетени шалови.
Блескаат бели снегулки,
разбудуваат деца од соништа
да си играт на ридот
со крици и насмевка.
Децата се радуваат
на првиот снег
од оџакот се вртлози
на огнени јазици,
Ехо од кучиња на нивните
лаежи.
Пченка и тиква во тенџере
се варат
Костени и компирите
се печат во рерната,
А мирисот на сите
зарзавати плени.
Остануваат траги на
патеките со шари
разни чизми, нозете
што ги гази.
Сите сакаат снег,
црвени носеви, премрзнати
раце помалку ги боли… .
Зима, зима е па што,
децата со нетрпение чекаат
да се санкаат,
прават фигури и
Дедо Мраз се прави
со тенџериња, пиперки
и морковче се шари.