Skip to content

Се обидуваш – Рабиндранат Тагоре

О будалче, се обидуваш да се натовариш на сопствените плеќи!
О питачу, доаѓаш да питаш пред сопствената врата.
Спушти го својот товар во неговите раце кои можат да понесат
сè и никогаш не обѕирај се зад себе со жалење.
Твојата страст ќе ја згасне секоја ветилка штом ќе ја допре со
својот здив. Таа не е света – не прифаќај ги даровите од нејзините
нечисти раце.
Прими го само тоа што ќе ти го понуди посветената љубов.

Напишете коментар