Skip to content

Лековита – Анте Поповски

Зашто не со зборови туку со ѕвезди
таа ги пишува ѕвездите,
и низ водени гласови шепти со дождот,

зашто тројни јазли им врзува на болестите,
и на сите уроци, уплави и нави
што кружат околу твојот сон,

зашто ја напишав оваа песна:
лековита! Има сила да те оздраве од сè
зашто низ неа најбрзо расте

– заборавот…

Напишете коментар