Skip to content

Сонетен Венец – Магдалена Јованова

  • by

Посветено на мојата драга пријателка

Ангелска светлина на земјината шир,
топлина која шири мир,
пробај да се приближиш,
да почуствуваш, немир.

Тој немир, е вибрација,
би сакала да ви ја овозможам,
таа слика, таа инспирација,
и кожата да ви се наежи.

Како звукот од омилената мелодија,
како допирот на ближниот,
како вкусот на блажината

И тоа не е се, таа владее со сè,
Која е таа?
Небесна сила, поим за мир!

2.Небесна сила поим за мир,
Да, ти, испружи ги рацете,
погледни нагоре,
таму високо.

Таму некаде, погледни,
иако имаш вид,
ти затвори ги очите,
тогаш е тука, таа е пред тебе.

Ќе осетиш колу е таа моќна,
а пред судбината, беспомошна,
ниту ти, ниту ние,

не можеме да ја смениме вербата,
бидејќи нејзината е силна, скапоцена, како
Ајфеловата кула, драгоцен сафир.

3.Ајфеловата кула, драгоцен сафир,
цврста градба се нејзините дела,
драгоцени, повеќето хуманитарни
и тоа е само надорешноста,

таа топлина што стопли многумина
и уште ќе ви набројувам,
за да ви ја доближам сликата,
онаа уметничката,

онаа која со боите на животот,
совршен свет наслика,
да, големо срце има

и таа, тоа не го признава
што е тоа вели таа
доблест, наместо мана.

4. Доблест, наместо мана
иако не може да се убеди сама,
дека таа е посебна,
единствена и своја,

јас сето ова го знам,
го почуствував на своја кожа,
ме понесе таа, со убавината,
со милината, со добрината.

Но, кажи ми светлино наша,
зошто се плашиш повеќе за другите,
отколку за себе,

да знаеш тука сум во секое време,
не можеме да побегнеме од таа
енциклопедија за болката.

5.Енциклопедија на болката,
да ти си тоа а не знаат тие,
оние кои се себични,
оние кои се дволични.

Не, дека тие не осетиле болка,
но, нивната е ништо,
во споредба со твојата, со онаа,
која тебе најдобро те познава.

Сè помина низ твоето тело,
многу бури, болка,
страдања, но пак се роди,

посилна, излезе од својата школка,
се наоружа со силна волја и
добрината пред сè.

6 Добрината пред сè,
тоа е твојата доблест и мана,
го размножуваш твојот зрак,
иако некој не го заслужува, пак.

Некој ти се восхитува,
друг се умилкува,
трети пак во очи те гледаат
и пак, лажни надежи ти влеваат.

Зар секогаш ќе ги ставаш
другите пред тебе, немој,
не си го прави тоа на себе.

Иако душата ти е памук, мека,
ризикувај, со чекор полека, кон
оквирот на границите.

7.Оквирот на границите,
за кој мислиш дека е забранет,
пробај да сјаеш посилно,
ќе се откажат оние,

оние кои не се достојни,
тие кои се тука а неприсутни,
тие кој зад грб редат зборови,
неверодостојни, лажни изговори.

Ја не знам колку, како и што,
не, не знам во целост,
а постојат лоши, полоши,

човечки судбини, од мојата,
од било која, а твојата е
вербата во себе.

8.Вербата во себе,
е твоето минато, онаа
кое те измени целосно,
но кон подобро.

Тој глас те промени тебе,
ти, со сонце во градите,
ти пружи надеж, вера и љубов,
тој божји гласник, дише со тебе.

Ти си таа која има сè,
и дава сè од себе, за сите
за мене, за тебе, за оние,

за оние, кој го читаат сонетниот венец
и оние неписмените со педигре, таа е
ангел меѓу нас грешните.

9.Ангел меѓу нас грешните,
прости ни ги грешките,
бидејќи не знаеме,
на кого и за што осудуваме.

Свети сонце посилно,
ти си таа посебна,
едноставна, а најсилна
ти си жена, божица.

Мојата гледна точка е оваа,
прости ми ако грешам,
но додека надвор ладно е,

јас со твојата моќ се тешам,
застани до мене
и да се додадам себе.

10.И да се додадам себе,
иако сум оддалечена од тебе,
ти довикувам, светот не е бајка,
но, за нас е мајка.

За нас, оние кои го сакаат
дождот, кога сонцето пече,
снегот и студот како ветер што сече,
ние две сакаме, од душа се.

Свесни сме, една од друга различно
ги согледуваме работите, но ако,
пак веруваме и преживуваме.

Тоа е дар, кој светот го држи заедно,
шанса, да се види невозможното, а
многумина не ме знаат мене.

11. Многумина не ме знаат мене,
тоа е затоа што не веруваат во себе,
во спонтаноста, во внатрешната убавина,
во убавината на малите нешта.

Јас сум толку мала, мала,
во споредба со тебе,
во споредба со многумина,
но верувам во себе.

Верувам дека во секој,
има зрак кој бара пат,
по кој ќе живее, ќе дише.

ќе дише и кога нема воздух,
ќе чекори кога нема земја,
Аладинска ламба посакувам!

12. Аладинска ламба посакувам,
да ги остварам сите желби на светот,
а само три за себе,
вера, надеж и љубов.

И тие три ќе ги поделам,
затоа што сакам меѓу сите
да живеам, да постојам,
заборав да не доживеам.

Сонцето, за кое ви го давав в раце
на сите, да ви ги топли дните,
да ве грее, кога ви студи,

кога на снегот ќе ги снема
моите стапки, верувај жива сум,
гулаб во белината, светлина во темнината.

13.Гулаб во белината, светлина во темнината,
да тој е мигот на убавината
и вечно постојат тие, оние
кои веруваат во небесните сили.

И јас и ти душо моја,
различни а исти сме,
веруваме и се достигнуваме,
далеку сме а заедно како едно е,

како едно е, она што нè зближува,
да ви ја доближам јас сликата
на сè она што ги оддалечува,

оние кој блиску се а далечни си се,
тие безнадежни се, а ние драга
Ана Дедова, писателке наша.

14.Ана Дедова, писателке наша,
зборот урива граници,
гради мостови,
незнае за станици.

Ти душо не си како мене,
јас сè уште учам од тебе,
за себе, за она што иде,
она од вчера, и сега.

Она кое ние го твориме
за добро да се користи,
за гордост не збориме,

само за добронамерни дела,
како вистината, наивна бела, за
ангелска светлина на земјината шир.

Магистрал

Ангелска светлина на земјината шир,
Небесна сила, поим за мир,
Ајфеловата кула, драгоцен сафир,
Доблест, наместо мана.

Енциклопедија на болката
Добрината пред се,
Оквирот на границите
Вербата во себе.

Ангел меѓу нас грешните
И да се додадам себе,
Многумина не ме знаат мене

Аладинска ламба посакувам
Гулаб во белината. светлина во темнината,
Ана Дедова, писателке наша.

Автор: Магдалена Јованова

Напишете коментар