Ноќта речиси помина во залудно очекување. Се плашам дека тој
ненадејно ќе дојде наутро кога ќе заспијам од замор. О пријатели,
отворете му ја вратата, не пречете му да влезе.
Ако неговите стапки не ме разбудат, немојте ни вие да ме будите, ве молам.
Не сакам да ме разбуди звучниот хор на птиците или
бурниот ветер на свеченоста на утринската светлина.
Оставете ме да спијам безгрижно ако мојот господар ненадејно дојде
до мојата врата.
О мој сон, мој скапоцен сон, што го очекуваш само неговиот допир
за да исчезнеш!
О мои склопени клепки, што се отворате само при светлината
на неговата насмевка, кога тој ќе застане пред мене како сновидение
што расте од мракот на спиењето.
Нека се појави тој пред мене како прв меѓу сите зраци и облици.
Првиот трепет на радоста во мојата разбудена душа нека биде
од неговиот поглед!
И моето враќање кон себе нека биде непосредно враќање кон него.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.