Песна за зимата – Стојан Тарапуза

Здраво Зимо, снеговита!
Што си толку ветровита?
Ти си жена во сказните,
нежно цвеќе во вазните,
шарен пазар за желбите,
вишна брана, за делбите…

Твојот чај е за фалење,
коњот Белчо-за галење,
млеко имаш во градите,
трупаш снег врз ливадите.

Здраво, Зимо-зимосана!
Што си толку иглосана?
Ти си дама натокмена…
ќе ти дадам сто вокмена
да се слееш со песната
– да не бидеш најзбесната!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели