Смагловита е ноќта, жежок е денот,
Никој не ја разбира цената на пленот
Сè она што го зеле некои мачни души
Предавници, на Бога издајници
Зеле поглед, зеле среќа, зеле моминска вечер.
Однеле ветер, магла и топлина
Бисери, школки и коприна.
Никој не ја разбира цената на пленот
Црна е таа црнина, писмо без букви
Школка без бисер, лице без лик
На луди сеништа, соништа крик.
Ја украле и љубовта моја , твојта убост
Градиве тешки, страсната лудост.
Кој ли јунак ќе се најде, сé што е изгубено
Еднаш да го пронајде?
Мачните души да ги ослободи од терет
Да не нема веќе на светов неред.
Љубовта моја, бакнеж од свила
Да ја допрам , да видам каде се сокрила,
Таа е таму, во вишното поле
Онаму каде крадците ја однеле.
Кога ќе ја допрам, ќе се сетам колку беше убоста твоја,
Колку беа градиве тешки, лудоста моја,
Ќе те најдам пак во денот што гасне
Во страста која постојано расте.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.