Двете страни на монетата – Емилија Боинска

Ноќта полека се спушташе над морскиот град. Се движев по  улицата која секогаш беше препознатлива по нејзиниот шум, џагорот кој излегуваше од детскиот човечки објект. Младите ги споделуваат нивните љубовни воздишки. Возрасните пак цврсто ги предаваа своите веќе осигурани прегратки. Уличните уметници ја красеа атмосферата со своите бескрајни импровизации. Тогаш бев набљудувачот којшто бавно се движеше по таа полна бурна улица притискајќи ja цигарата со краевите на мојата уста, ја црпев инспирацијата од секој дел на таа улица.

Убави времиња, во кои мирот и спокојт не го осеќавме, но го имавме. А сега, сега сум само талкач кој што се движеше по пустошот кој што го опустоши   модерната чума со која светот се бореше веќе две години. Ја отворив затемнената врата и влегов во внатрешноста на мојот омилен бар каде тивкиот блуз кружеше влегувајќи и излегувајќи во ушите на луѓето.  Примамливо ги  скокоткаше моите очи масата во левиот агол. Околу кружните облини на масата, четири женски силуети  во опуштено издание ја разгоруваа вечерта полека и сигурно. Пригушената светлина рефлектираше во кристалните чаши од кои пак излегуваше аромата на рум. А мислев дека ќе биде само уште една од тие вечери каде последните сили ги вложуваш во подигање на чашата која непрестано работи.

Четири жени кои впечатливо со секој свој потег ја зголемуваа својата самоуверена дамска грандиозност. Ги лепеа кармините по рабовите на чашите повлекувајќи зборови кои ја отвараа вратата  на темата на вечерта. Мажите ги броеја своите воздишки, мислеа дека ја имаат силата, но ја губеа во мислата. Се слушна шкрипење, дрвените столови се лизгаа еден до друг сè поблиску и уште еден стол беше додаден на таа маса. Набљудувачот  таа вечер  стана лефтерен оратор, кој винимателно ги бираше зборовите притоа ставајќи го секој збор на своето место, како да редеше сложувалка.

Очните зеници започнаа да се рашируваат, почнав да ја визуализирам енергијата која испрауваше од женските фигури. Очите кафеави, сини, зелени сите гореа, усните мускули опуштено ги цртаа примамливите насмевки. Часовникот отчукуваше времето си заминуваше, и одеднаш се слушна звукот на Ези и Тура. Секогаш кога ќе се разлееше нивната мелодија, тие храбро ќе ја започнеа нивната љубовна игра и никој не остануваше рамнодушен на нивниот флерт. Делат едно срце, но никогаш дури не си ги ни допреле своите тела.

Добиват третман за ниска класа зошто величественото човештво така преценило. Можам да се сетам само на еден исклучок малку поразлична приказна но исто така чиста и искрена. Ези и Тура му помогнале на Зоки Поки да ѝ го купи целиот свет на Лидија. Чашите се испразнија и го постелија црвениот килим, а на него зачекори една нераскажана  приказна за една неизљубена љубов која што ја држев во мојата рака.  Монетата од два лева ја свртив по дрвената површина, а таа весело го презентираше својот танц  намалувајќи го ритамот сè до последниот акробатски чекор.

Ја предадов ораторска штафета во соседните раце, и Ези и Тура полека почнаа да се лизгаат во рацете на новиот оратор. Основните суштиснки зборови во етиката се доброто и злото, и тие непрестанато се вртат притоа мерејќи ги вредностите на луѓето. Тие две тотално спротивни страни ја формираат вагата која што е во бескраен натпревар движејќи се горе и доле.  Ези да речеме дека го симболизира доброто, а неговата формула е составена од љубовта која што преизлегува од емпатијата на едно срце да затрепери во моментот кога ќе допре до внатрешноста на туѓа душа. Се вклучува светлината на среќата и се соживуваш со најдобрата верзија од тебе, а таа е тогаш кога се чувствуваш најудобно  и едноствано блескаш.

Тура ја осудивме на злосторство и вечна казна  на неа и се предаде улогата  на злото. Точно спротивното, црна длабока дупа полна со прав. Омразата и тагата се негов плод.  Го гаснат оганот, ја убиваат страста, како канцер ја гризат емпатијата, темнината ја намалува температурата во срцето а душата го плука својт гнев. Вечерта елегантно патуваше – сината нијанса на небото полека се зголемуваше, а  тоа беше знак дека сите карти на покерската маса се отворени и сите играчи побеници. Ја отворив вратата од барот и излего.

Ладниот возух ги освежи моите очи, ја запалив и последната цигара од мојата кутија. Видишувајќи, ги наполнив градите, набљудувачот во мене беше задоволен успеа да украде уште еден момент кој што со задоволство го споделува со вас. Погледнав преку прозорецот, а глетката ми измами една искрена насмевка. Ези и Тура, монетата која што ја измачувавме цела вечер со нашите мисли заврши во рацете на шанкерот, кој што трпеливо ги зачинуваше нашите усни цела вечер.

Емилија Боинска

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели