Ден во универзумот – Абдулох Абдуммуминов

Абдулох Абдуммуминов

Абдулох Абдуммуминов

Лазиз само што заспа почна да сонува: Ех, ако не добијам тоа што го посакав денес, досадно ми е да живеам во овој град. Би сакал да отпатувам во друг град. Едноставно продолжи да сонува.. Тргна напладне, желбата да ја оствари. Во сонот виде град, непознат се запраша: „Но, каде беше овој град? Нема никој во него, како што замислував, слугите да те служат!“ Наеднаш се појави сенка, Кој беше тој? Гледајќи во мене! Го запрашав Дали си слуга? Јас сум уморен од моето семејство, многу сум гладен …
„Кој си ти? Кога дојдовте на нашата планета? Што имате на вашата планета?“ А потоа му одговорив без, да ме праша: „Тука сум без да знам“. „Дали си слуга?“, повторив. „Јас сум многу гладен“. „Не ми се допадна твојата планета. Јас сакам да одам дома.?!“.

“Сите луѓе на нашата планета работат. Што можеш да направиш ти? Оние кои не можат да работат на нашата планета ќе бидат казнети“, ми одговори со шепотење, чаробниот слуга. „Не можам ништо да направам за тебе. Сега сакам да спијам“, ми одговори.
Дали имате студентски дом го запрашав? Ајде да дремнеме. Јас сум многу, многу уморен повтори и нареди..

„Ставете го детето во самица додека не донесам одлука. А потоа ќе го казниме“, слушнав како му вели мојот замислен “чаробен слуга“ на другарот… Се уплашив и му довикнав (свикав): „Застани, немаш право, не можеш да ме фрлиш во затвор, пушти ме да одам. Ако не, ќе кажам за вашите валкани работи, тогаш ќе добиете одговор според тоа што сте го направиле“. „Во нашата земја, не може да се добие никаква казна. Сепак, ние ќе ве казниме!“. „Да го фрлиме во шкафче…“
„Полека, боли. Еве ме, седам во зандана“, дофрлив, силно. Како да се сетив дека грешам со своите постапки, безброј желби за, исполнување. Би било во ред ако повеќе ги слушам родителите, ги извршувам домашните задачи и да им бидам благодарен за сè. Тука не би бил ни во затвор, солзите ми течеа од очите.

Сега сфатив, моите родители беа во право, наречете го својот град „Најдобар од сè“. Јас бев неук и го прекршив ветувањето. Сега мојата состојба е, и мајмуните да заплачат. А потоа видов колку грешам кога мојот чаробен слуга се обрати на својот народ:
– Драги луѓе! Знаете, едно неуко момче ја посети нашата планета. Не знае да готви, не може да исчисти, не може да исчисти ниту после оброкот. Знаеме дека на нашата планета нема место за сиромашните. Денес би сакал да ги слушнам вашите размислувања со населението за да преземете нешто за детето. Кој, како размислува? Како да казниме дете?

Населението почнало да се консултира, а откако вревата стивнала, владетелот почнал да го замолчува населението за да слушне одговор од нив. Тогаш кралот ги слушаше нивните одлуки. Вториот услов е ако не го направи тоа, ќе ја изгуби главата. Откако ќе ја разбере состојбата, почнете да работите уште од сега! Ќе добиете одмена на вечер! Се осетив посигурен… Хоп, хоп сфатив. Што ќе можам да направам,? Ќе готвам јајца. Сепак овде нема јајца. Почнав да бришам и готвам компири.
Каде е сега ножот? Па, компирите убаво ќе ги зготвам после бришењето.  Леле, си ја пресеков раката. Помош, крвавам од раката. Тешко мене!

– Помогнете му на детето. Повикајте го лекарот. Слушнав како наредува. Исцелителот ми ја санира раката, не оставајќи траги на крв или рани. Сè правеше да не крвари. Но, ниту момчето не можеше да направи тоа на што му беше наредено да направи.
И тогаш му беше даден последен услов. И момчето почна да тагува.
„Не можам да сторам ништо! Ќе се обидам да го исполнам последниот услов ако бидам спасен. Очигледно е не ќе можам да си одам дома здрав и жив. Прошепоти момчето. Но, ниту третиот услов не можеше да го спаси од оваа состојба, тој самиот призна.
Ви реков, не можам ништо. Ве молам пуштете ме? Ветувам од сега секогаш ќе ја работам домашната задача.

„Не можеме да ви дадеме друга шанса, ми одговори “владателот“ пренесувајќи ми.
Ако населението не сакаат и поинаку не одлучат им нареди: Фрлете го детето во зандана. А дотогаш, ќе продолжиме да се консултираме со населението.
-Драги луѓе, му дадовме шанса, момчето не можеше да ја заврши зададената задача. Дали треба да го казниме детето? Или повторно е можно да му се даде шанса?

– Ваше височество, да му дадеме уште една шанса одговорија граѓаните.
На крајот на краиштата, ние, не сме безмилосни, да му дадеме повторно шанса на детето.

Абдулох Абдуммуминов (13), Узбекистан

Преведувач: Сабахета Мерсими

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели