Силвија Плат (27 октомври 1932 година – 11 февруари 1963 година) била американска поетеса и писателка. Нејзиното најпознато дело е „Стакленото ѕвоно“ што е полуавтобиографска книга за нејзината борба со клиничката депресија. Таа си го одзела животот после долгата битка со мрачните мисли и расположение. Прочитајте ги следниве цитати кои ја отсликуваат внатрешноста на Силвија.
1. „Ако е невротично да се посакуваат две работи истовремено кои взаемно се исклучуваат, тогаш јас сум невротична како ѓавол.“
2. „Ако не очекуваш ништо од никого, никогаш нема да се разочараш.“
3. „И, патем, сè во животот може да се запише ако имаш храброст да го направиш тоа и имагинација да импровизираш. Најлошиот непријател на креативноста е сомнежот во себе“.
4. „Бакни ме и ќе видиш колку сум значајна“.
5. „Почувствував како моите бели дробови се надувуваат со напливот на пејзажи – воздух, планини, дрвја, луѓе. Си помислив: „Вака е кога си среќен“.
6. „Имам избор да бидам постојано активна и среќна или интроспективно пасивна и тажна. Или можам да полудам со отскокнување меѓу нив“.
7. „Ги затворив очите и целиот свет паѓа мртов; Ги кревам очите и сè повторно се раѓа“.
8. „Тишината ме правеше депресивна. Не беше звукот на тишината. Беше мојата тишина.“
9. „Запомни, запомни, ова е сега, и сега, и сега. Живеј, чувствувај, цврсто држи се за тоа. Сакам да станам целосно свесна за сè што сум земала “здраво за готово““.
10. „Дали не може да се излезе од умот?“
11. „Ги посакувам работите кои накрај ќе ме уништат.“
12. „Дали можеш да разбереш? Може ли некој, некаде, малку да ме разбере, малку да ме сака? За целиот мој очај, за сите мои идеали, за сето тоа – го сакам животот. Но, тешко е, и имам толку многу – толку многу да научам“.
13. „Мене луѓето или премногу или воопшто не ми се допаѓаат. Морам да одам во длабокото, да разговарам со луѓето, навистина да ги запознам.“
14. „Проблемот беше дека јас постојано бев неадекватна, едноставно не размислував за тоа.“
15. „Би требало ние да се сретнеме во друг живот, би требало да се сретнеме во воздухот, јас и ти.“
16. „Јас разговарам со Бог, но небото е празно.“
17. „Морам да си ја вратам назад душата од тебе. Си го убивам моето месо без неа.“
18. „Но животот е долг. И долга линија е којашто го балансира краткиот блесок на интерес и страст.“
19. „Умирањето е уметност, како сè друго. Јас го правам исклучително добро. Чувството е како пекол. И се чини вистинско. Претпоставувам дека може да се каже дека имам повик.“
20. „Сакам да живеам и да ги чувствувам сите сенки, тонови и варијации на менталното и физичкото возможно искуство во мојот живот. И јас сум ужасно ограничена.“
21. „Носи го своето срце на твојата кожа во овој живот.“
22. „Има многу болка во оваа игра на барање партнер, заведување, обидување. И одеднаш сфаќаш дека си заборавил дека е игра и дека се претвора во солзи.“
23. „Мажот ако е стрела кон иднината, она што е жената е местото од каде што таа стрела се исфрла.“
24. „Поезијата во нејзината најдобра форма може да ви нанесе многу штета.“
25. „Колку кревко мора да биде човечкото срце – неограничен базен од мисли.“
26. „Совршенството е ужасно. Тоа не може да има деца.“
27. „Јас сум жртва на интроспекција (самонабљудување).“
28. „Неодлучноста и мечтаењата се анестетици на конструктивна акција.“
Прочитајте ги и следниве цитати од Џорџ Орвел.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.