Не, не иди близу! Оддалеку нека
со љубов ме грее твојот поглед драг.
Среќата е среќа се дури се чека,
дур од себе лачи само навев благ.
Не, не иди близу! Посилно ме зема
овој сладок трепет, чекање и страв.
Поубаво сî е што уште го нема,
и по копнеж само што го запознав.
Не, не иди близу! А и зошто така?
Оддалеку само свети ѕвезден зрак;
оддалеку само занесно се сака.
Не да ми се ближи твојот поглед драг!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.