Која е Нели Блај, новинарката што му пркосела на своето време влегувајќи во лудница иако била здрава?

Нели Блај е псевдонимот на новинарката со име Елизабет Џејн Кокран која живеела во 19 век. Во текот на својата кариера, истражувачките новинари се соочуваат со многу опасности. Од нив работата бара постојано да бидат во првите редови, впуштени во најразлични акции. Замислете го ова во Америка од 19 век и ќе ви стане јасно колку било малку веројатно жената да успее на ова поле. Нели Блај се истакнала како жена на својот занает. Покрај тоа што живеела во време кога жените имале мали можности, таа верувала и ја следела својата страст. Дознајте повеќе за една од помалку познатите, но легендарни жени во историјата читајќи ги фактите за новинарката Нели Блај.

Била гласна во своите ставови уште од раното детство

Имала само 16 години кога го изразила своето разочарување кон една публикација од Питсбург. Блај била поборник за женските права и напишала остро составено писмо до уредникот на весникот.

Со нејзиниот сопруг биле разликa 43 години

Пред нивниот брак, Роберт Симен се докажал како милијардер продавајќи на големо. Покрај тоа, инвестирал и во компанија Iron Clad каде се произведувале лименки за испорака на млеко. Во 1985 година, 31 годишната Нели Блај се омажила за 73 годишниот Роберт Симен. Како што се влошувало нејзиното здравје, таа ја наследила работната положба од сопругот и сатнала шеф на компанијата Iron Clad Manufacturing Co.

Била на тајна задача за публикација во New York World

Во 1887 година, Блај се преселила во Њу Јорк за да стане соработнк на дневниот весник  New York World. Како дел од една задача за истражувачкото новинарство Блај преку тајна мисија влегла во женска психијатриска болница за период од 10 дена внатре, преправајќи се дека е луда. Во 1887 година влегла таму за да ги истражи случаите на бруталност и занемарување во женскиот азил на островот Блеквел.

За да добие пристап до пансионот каде што одбивала да спие и почнала да ги обвинува другите жени дека се луди. Намерно тврдела дека има амнезија што довело лекарите да ја испратат во женската ментална установа. Денеска тоа искуство може да се погледне преку биографскиот филм „Десет дена во лудница“, снимен во 2015 година.

Блај морала да трпи нехумани постапки во психијатриската болница

Вистината во извештаите за женскиот азил била дека тој не изгледал така како што се мислело. Наместо чист и професионален објект, Блај била сведок на изронета зграда полна со глувци. Што се однесува до персоналот, азилот имал насилни медицински сестри кои пациентите ги изложувале на студени капења. Некои од нив ги терале пациентите да седат на столици неколку часа недозволувајќи им да прават ништо. На пациентките им се служела расипана храна и нечиста вода.

Нели била првата жена која била сведок на погубување од 1900-тите години

Во јануари 1920 година, Нели Блај била сведок на погубувањето на Гордон Ф. Хамбиј преку електрична столица во затворот Синг Синг. Бил прогласен за виновен после убиство на неколку банкарски службеници во кражба во Њу Јорк. Државата го осудила Хамбиј на смртна казна. Откако била сведок на овој настан, Блај била убедедна дека смртната казна не е решение. Таа пишува за нејзините надежи дека смртната казна ќе биде укината потполно.

Патувала по светот за да го собори светскиот рекород на измислениот лик од романот на Жил Верн

Во 1888-та година, 24 годишната Нели Блај се предизвикала себеси да го заобиколи светот за помалку од 80 дена. Најмногу од сè оваа цел си ја поставила за да го победи измислениот Филеас Фог од романот на Жил Верн „Пат околу светот за 80 дена“. На 14-ти ноември се качила на брод од Њу Џерси за Англија. Оттаму патувала во Франција, Јемен, Цејлон (денешна Шри Ланка), Сингапур, Јапонија, а потоа се вратила од другата страна на САД  во Сан Франциско.

Нејзиниот маж починал на 11 март 1904 година, таа го наследила богатството

Кога нејзиниот сопруг починал, 40 годишната Нели преземајќи ја компанијата додека била шефица ја измислила кантата за отпадоци. Имало гласини дека таа ги измислила бурињата за индустриско масло, но патентот му припаѓа на друг измислител. Нејзината компанија накрај банкротила поради невнимателност и проневера од директорот на фабриката.

Таа била прва жена која го пријавила источниот фронт од Првата светска војна

После смртта на сопругот и деловните проблеми со компанијата, Нели Блај се преселила во Австрија после 10 години. Во текот на тамошниот престој Бил воочила прилика да известува за Првата светска војна од првата борбена линија и станала првата жена која го покривала источниот фронт во текот на Првата светска војна.

Речиси 100 години после нејзината смрт продолжила да добива почести и награди

До 1998-та година Нели Блај станала дел од Националната куќа на славни жени, а во 2002 година е одликувана со американска поштенска марка со натпис: „Жени во новинарството“. Во Бруклин Њу Јорк, еден забавен парк бил наречен по нејзе. Како знак за нејзината животна авантура, забавниот парк „Нели Блај“е според тема „Околу светот за осумдесет дена“.

Прочитајте и дознајте за историјата што стои зад „жолтиот печат“.

Извор

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели