Да бидеш човек значи
да бидеш отворена куќа.
Секое утро ти доаѓа некој нов.
Радоста, потиштеноста, подлоста,
некоја минлива свесност доаѓа
како неочекуван посетител.
Сите дочекај ги и срдечно угости ги!
Дури и ако се куп бедници што насилн
ќе ти ја однесат сета покуќнина од дома,
сепак честито почести го секој гостин.
Можеби те краде до гола кожа
заради некое непознато задоволство.
Мрачната помисла, понижувањето, злобата
– дочекај ги на прагот со насмевка,
и покани ги внатре.
Биди благодарен кој и да ти дојде,
оти секој од нив е испратен
како патоказ од другата страна.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.