Средба

И еве, јас тоа го викам надеж. Тоа што те сонив пред некој ден. Сега знам дали те гледам и во утрата. Секое утро се будам и помислувам на тој сон. Знаеш, откако те сонив немам веќе други соништа. И еве затоа тоа јас тоа го викам надеж.

Потајно се надевам дека тој сон ќе стане јаве. Потајно се надевам дека нема да биде нашата средба која ја сонив само еден тажен неисполнет сон. Сон во кој нема трепет и сјај. Потајно се надевам дека ќе биде радост, потајно се надевам секој нов ден дека наредниот ќе те сретнам. Дека ќе те видам и ќе ми кажеш дека сé е во ред , дека никогаш не сум те изгубила. Но, зошто тоа мора да биде утре?Зошто не денес? Зошто да не те сретнам денес кога ќе зачекорам по патот кој води кон твојата улица. Да те видам како се џариш низ прозорецот и си помислуваш дека ќе поминам за да те видам.

Јас само ќе поминам, а ти ќе дотрчаш и ќе ме пресретнеш. Со поглед. Со поглед кој кажува сé. Нема да зборуваме ништо. Зошто во надежта нема зборови, има само надеж, само капка надеж. Доволно силна за да се сретнеме.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели